Евертон реши да се раздели со сегашниот тренер Шон Дајч само неколку часа пред мечот од ФА Купот против Питерборо, па мечот заеднички го водеа поранешниот играч на „карамелите“ Лејтон Бејнс и актуелниот капитен на тимот Колман.
Во меѓувреме се најде добро познато решение. Англиските медиуми најавуваат дека е постигнат договор меѓу Евертон и Дејвид Мојс шкотскиот стручњак по втор пат во својата тренерска кариера да го преземе кормилото на Евертон.
Се очекува во следните неколку дена да потпише договор кој ќе трае до летото 2027 година.
Мојс раководеше со тимот од 2002 до 2013 година и во тој период речиси редовно завршуваа во горната половина на табелата.
Покрај „Карамелите“ и Манчестер Јунајтед, Шкотланѓанецот во два наврати ги водеше и Престон Норт Енд, Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем.
Евертон моментално е на 16. место во Премиер лигата со 17 бодови, еден помалку од екипите во зоната за испаѓање.