Интер подготвува амбициозна понуда за Донарума

108

Интер подготвува амбициозна понуда за голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума. Нероаѕурите будно ја следат ситуацијата со италијанскиот интернационалец и можно е да се обидат да го ангажираат, тврди Sky Italia.

Интер веќе бара замена за Јан Сомер, кој има 36 години, а неговиот настап оваа сезона е далеку од брилијантен како во првата сезона со миланскиот гигант. Токму поради ова, на Џузепе Меаца сериозно размислува за Донарума.

26-годишниот чувар има договор со францускиот гигант до 2026 година и неговата иднина во моментов не е сосема јасна. Тој е во преговори за продолжување на договорот, кои сепак се далеку од финализирање. Токму поради тоа Интер се надева дека ќе може да интервенира и да ги замати водите околу Донарума.

Интер веќе имал првични разговори со Донарума за да ги тестира шансите за евентуален трансфер. Доколку го облече дресот на „нероаѕурите“, тоа сигурно дополнително ќе ги сврти против него навивачите на неговиот роден клуб Милан. Се уште не му простиле што си замина како слободен играч во 2021 година.

ПретходноКавај Ленард ги напушти Клиперс поради пожарите во Лос Анџелес
СледноЕвертон најде временска машина, Дејвид Мојс се враќа дома!