Кавај Ленард ги напушти Клиперс поради пожарите во Лос Анџелес

193
Фото: ЛА Клиперс/Твитер

Веднаш по враќањето во тимот на ЛА Клиперс по опоравувањето од повредата и одигрувањето на првите два натпревари од сезоната, Кавај Ленард го напушти тимот поради виша сила, многу повеќе од проблематично колено. Во пресрет на дуелот со Денвер, тој се врати во Лос Анџелес поради катастрофалните пожари што го зафатија богатиот дел од градот, каде што живее неговото семејство.

Во пожарот имаше и човечки жртви, а многу луѓе ги загубија скапите домови, меѓу кои и тренерот на ЛА Лејкерс, Џеј Џеј Редик, додека тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, ја загуби куќата во која порасна.

За среќа, семејството на Леонард се спасило неповредено, нивната куќа не била зафатена од пожарот, но кошаркарската суперѕвезда и понатаму ќе биде надвор од тимот до дополнително известување за да се грижи за настраданите и да му помогне на соседството во тешките моменти.

Леонард просечно постигнуваше 10 поени во ограничени минути во двата натпревари по враќањето, пред се барајќи го ритамот што го загуби за време на долгата пауза. Клиперси имаат една победа и еден пораз со него во составот, а по поразот во Денвер го задржуваат осмото место на Западот со 20-17.

Клиперси синоќа требаше да играат на домашен терен против Шарлот Хорнетс, но тој натпревар беше одложен до понатамошно известување поради катастрофата, исто како и натпреварите на Лејкерси против Хорнетс, кои требаше да се одиграат во среда и против Сан Антонио Спарс.

ПретходноЏонов: Лани игравме против гиганти како Франција и Германија, знаеме како е против врвни селекции
СледноИнтер подготвува амбициозна понуда за Донарума