Познато е дека на овие простори Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, е респектиран, почитуван, сакан и не само од Србите, туку и од Македонците, Хрватите, но и сите останати тениски фанови, и не само тие.
Сите се поистоветуваат со него, со неговите успеси, рекорди, пркосното однесување. Се разбира дека во останатиот дел од светот Новак не минува најдобро, но на Балканот човекот е ЦАР или КРАЛ.
Новак тоа го знае, а еве што изјави деновиве во пресрет на стартот на АО во Мелбурн:
„Во моите најлуди соништа би сакал да се врати Југославија. Тоа за мене би било идеално сценарио. Би кажал перфектно сценарио. Зошто да не? Сите ние на овие простори говориме на ист или сличен јазик и перфектно се разбираме. Јасно е дека храната, музиката, игрите, тоа ти е исто. Иксрено јас би сакал, ама реално тоа не е можно повторно да бидеме иста земја. Но…“ посочи српскиот тенисер.