Денеска гостин на машката ракометна репрезентација на Македонија беше отец Кирко Велински, претставник на Македонската православна црква во Хрватска. Отец Велински им даде благослов и им посака среќа и успех на нашите ракометари на Светското првенство.
Во знак на благодарност нашите ракометари му подарија потпишан дрес.