Така е кога Столе Димитриевски е на клупа. Бадијала фантастичните одбрани на Македонецот на голот на Валенсија на последните неколку меча, и тоа не беше доволно да се покаже дека и натаму заслужува да биде прв голман. Но стручниот штаб мислеше поинаку, вечерва шанса доби Мамардашвили кој во изминатиот период беше повреден и погреши во таа своја одлука.
Валенсија на гости кај Сеиаља со голот на Риоха во 61.минута имаше водство од 0:1 се до 90+3.минута кога Педроса од очај шутираше од 25 метри а голманот на Валенсија направи катастрофален кикс и прими гол со кој на својот тим му “откина“ два драгоцени бода.
Што ли сега ќе каже тренерот на Валенсија, Корберан по киксот на “неговиот“ прв голман Мамардашвили.
⚽️ GOAL: Pedrosa
🇪🇸 Sevilla 1-1 Valencia pic.twitter.com/KsmYHMPJdH— Kevin Morales (@KevinMoral96566) January 11, 2025