Екипата на ТФТ во својот прв меч во 2025 година и воопшто во првиот официјален меч во нашата елитна кошаркарска лига во новата година, успеа да слави над Гостивар со 77:71.
Ова беше десетта победа на тимот од Тафталиџе во 13-тиот настап во тековната сезона. Со овој меч всушност продолжи кошаркарскиот шампионат во Македонија со мечевите од 13.коло.
ТФТ ја оправда улогата на фаворит на оваа средба, иако треба да се каже дека не беше баш така лесно. Првиот период беше решен во своја корист само со +1 поен, за да на пауза се замине со +9 поени во однос на составот од Гостивар.
Гостите во продолжение од средбата заиграа подобро, успеаја да ги добијат минимално и третата и четвртата четвртина, но тоа беше доволно за да се дојде до победа на оваа средба.
Најефикасен кај победничкиот состав беше Говенс со 16 поени, додека кај поразениот тим Митевски забележа 17 поени.