Ако е нешто сигурно за утрешното „Ел Класико“, односно финалето на шпанскиот Суперкуп, тоа е дека Роналд Араухо нема да биде во комбинација. И тоа не по одлука на тренерот Ханси Флик, туку по своја одлука на самиот играч.
Германецот не криеше дека е шокиран од таа одлука на својот играч.
Едноставно тој си кажал:
“Не сакам да играм против Реал Мадрид“.
Ова е најверојатно порадди фактот дека Араухо е пред трансфер, се чини дека се бројат деновите кога тој ќе се оди од Барселона.
Инаку стоперот се врати од тешката повреда, а претходно беше еден од клучните играчи на Барселона.
Но, сега работите се менуваат.