Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен 0:1 е епилогот од вечершниот меч во рамките на 16.коло во Бундеслигата. Стрелец на победничкиот гол беше Хари Кејн и тоа во 68.минута и тоа од пенал. Па така “баварците“ во првиот меч во новата 2025 година славеа победа.
Лидерот беше подобар, во текот на целиот меч доминираше, имаше повеќе шанси ама домашниот состав одлично се бранеше и така беше се до таа 68.минута кога Кејн од пенал му донесе големи три бода на големиот фаворит.
Со овие три бода сега Баерн Минхен има 39 бодови и е на +4 од шампионот Леверкузен по 16 одиграни натпревари на двете екипи во Бундеслигата.