Чаир во неизвесен меч успеа да го победи Феникс!

62

Конечно, по серија од четири порази во низа, успеа вечерва како домаќин во рамките на 13.коло да слави над Феникс со 85:82. Ова беше осми триумф на составот на Чаир на досега одиграните 13 меча во нашата елитна кошаркарска лига.

Домашните ги добија во своја корист првите две четвртини, но затоа во третата Феникс успеа да се врати во игра што се вели. Сепак во последниот период, кој заврши со 28:28, не успеа да дојде до победа. На моменти Феникс имаше и израмнет резултат, сепак кога беше најпотребно кошаркарите на Чаир знаеја како да одиграат и да дојдат до победата.

Најефикасен кај победничкиот тим и воопшто на мечот беше Морис со 32 поени, додека кај гостите Бертранд забележа 20 поени.

ПретходноТимот на Пеп победи со 8:0: Сити немаше милост кон градскиот ривал во ФА Купот!
СледноОтец Велински им даде благослов и им посака среќа и успех на нашите ракометари на СП! (ФОТО)