Јокиќ и Вестбрук испишаа историја во НБА-лига (ВИДЕО)

884
Фото: Денвер/Твитер

Никола Јокиќ пропушти два натпревари поради болест. Пред натпреварот, Нагетс објавија дека неговиот настап е под знак прашалник, но сепак Србинот играше и беше одличен, а со соиграчот Расел Вестбрук направија нешто што никој досега не го остварил.

Денвер на домашен терен го совлада Бруклин со 124:105, а Јокиќ беше најдобар стрелец (35) во 38 минути игра со 14/21 од поле, 12 скокови и 15 асистенции. Совршената партија ја заокружи со 4 украдени топки. За Јокиќ ова е 15-ти трипл-дабл сезонава и 145-ти во кариерата.

Јокиќ го постигна поено за победа, со забивање на асистенција на Вестбрук.. Така и тој постигна трипл-дабл. За 36 минути постигна 25 поени (8/17 од поле) со 11 скока и 10 асистенции.

На овој начин Јокиќ и Вестбрук станаа првите соиграчи во историјата на НБА кои во едн сезона постигнале повеќе трипл-дабл на ист натпревар.

„Трипл-дабл машините Јокиќ и Вестбрук се првите соиграчи во историјата на НБА кои забележале трипл-дабл во ист натпревар повеќе пати во една сезона“.

Не е ни чудо што овие двајца постигнаа таков подвиг. Вестбрук е играчот со најмногу трипл-дабл во историјата на НБА (202), Оскар Робертсон е втор со 181, а Јокиќ трет со 145 натпревари во кои го постигна подвигот. Но, се очекува Јокиќ да го симне соиграчот од тронот бидејќи е седум години помлад од Вестбрук (36).

 

Резултати:
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Орландо – Милвоки 106:109
Индијана – Голден Стејт 108:96
Њујорк – Оклахома Сити 101:126
Бостон – Сакраменто 97:114
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105

ПретходноХаланд по петтипат е Играч на годината во Норвешка
СледноБарса тргна по фудбалерот на Јунајтед кој падна во немилост кај новиот менаџер