Вардар официјално ги стартуваше подготовките

496

Екипата на Вардар денеска, точно во 11:00 часот под водство на стратегот Гоце Седлоски и официјално ги стартуваше зимските подготовки. Со драстично поинаков тим отколку есеноска, во кој нема неколкумина стандардни но и играчи со статусот на резервисти, Седлоски го поведе тимот кој брои во моментов 25 фудбалери.

Тука се и новитетите, Маневски, Тодоровски, Цикарски, Спахиу, кои пристигнаа како засилувања и кои на пролет Вардар треба да го направат далеку поконкурентен и поквалитетен.  Во план е и доведување на нови три имиња.

Подготовките ќе се одвиваат во два дела. Првиот во тренинг центарот на ФК Вардар до 16. јануари, а од 18. јануари фудбалерите на Вардар ќе имаат тринеделни подготовки во Анталија, Турција, на кои ќе се одиграат шест пријателски натпревари.

ПретходноТргнуваме по Зидан Таири од Хофенхајм (ВИДЕО)
СледноБрињоне испиша историја на денешниот спуст