Денеска попладне и фудбалерите на Силекс, предводени од стратегот Александар Васоски ги стартуваа зимските подготовки. Кратовци прво се собраа на Градскиот стадион во својот град а потоа и го одработија и првиот тренинг.
Па така од сите прволигашки клубови сеуште не се во “погон“ само уште Работнички и Гостивар кои ќе стартуваа од понеделник.
Што се однесува до Силекс, познат е планот на подготовките. Прво ќе се работи во Кратово а потоа во Анталија ќе се “бруси“ формата и низ пријателски мечеви за тоа што составот на Васоски го очекува напролет.
Инаку Силекс е еден од најсериозните кандидати во битката за титулата, ако се знае дека есенскиот дел од сезоната го заврши на првото место.
Фото: ФБ ФК Силекс