Една од екипите која што зимава секојдневно има новитет што се вели на темата реконструкција на постоечкиот игтрачки кадар е Тиквеш од Кавадарци. Раководството макотрпно работи на обновување на ростерот, за да напролет Тиквеш изгледа сосема поразлично од есеноска. Со тоа, да има и сосема поинакви резултати.
Во таа насока е и денешмата промоција на Никола Најдовски, досегашниот играч на Кожуф, кој што се враќа што се вели во матичниот клуб. Тој доаѓа како замена за Михаил Маневски кој премина во Вардар, и ќе ја пополни позицијата на лев бек.
Исто така, тој е со статус на младинец што значи дека има двојна улога што се вели во пролетниот дел од сезоната.