Македонската репрезентативка, Андреа Седлоска и нејзината екипа Локомотива Згареб дојдоа до седмата победа во хрватскиот шампионат, откако на гостински терен славеа кај Сплит со убедливи 21-28 во дербито на колото.
Овој дуел беше решен после едно полувреме во кое Локомотива Загреб имаше предност од шест гола (12-18).
Во центарот на вниманието беше токму нашата репрезентативка. Седлоска беше прв стрелец во редовите на тимот од Загреб, зад своето име запиша осум голови.
Локомотива Загреб се наоѓа на третото место на табелата со 14 бода, еден помалку од Сплит, но и два меча помалку, и на шест бода зад Подравка која исто така има два меча повеќе.