Лидерот на второлигашката конкуренција, тимот на Македонија ЃП предмалку го претстави Ѓорѓи Дошев како свое ново засилување. „Лавовите“ не менуваа премногу летово, немаше ниту зошто, а Дошев доаѓа како засилување откако го напушти досега неговиот единтвен клуб во кариерата, ФК Вардар.
Дошев е македонски младински репрезентативец, кој што игра во средината на теренот, и кој што неколку пати стартуваше за Вардар минатата полусезона. Ви младинските категории пак, за „црвено – црниот“ табор има освојувано титули, и е еден од најдобрите млади играчи кои периодов ја минаа Вардаровата школа.