Интер Мајами е во разговори за продолжување на договорот со напаѓачот Лионел Меси, пренесува Marca. Актуелниот договор на 37-годишниот Аргентинец со клубот од МЛС истекува на крајот на оваа година.
Меси доби понуда за договор до крајот на 2026 година. Дополнително, новиот договор може да вклучи опција за потенцијално позајмување на напаѓачот на европски клуб за време на паузата во МЛС.
Останува да видиме како ќе заврши оваа приказна.