Комо со уште едно ново име, го купи Какре од Лион

63

Максенс Какре е најново засилување за италијанскиот прволигаш Комо. Во обидот на новајлијата во Серија А да избори опстанок во елитата и за следната сезона, Комо е сериозно активен на зимскиот трансфер пазар, во обид да добие што повеќе нови засилувања.

Играчот од средниот ред на француски Лион потпиша договор со италијанскиот тим до летото 2029 година.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Лион добил 15 милиони евра за 24-годишниот Французин, а уште 2 милиони се обезбедени во форма на бонуси.

ПретходноНаполи главен кандидат за потписот на Гарначо
СледноБарса го понижи Реал и го крена Суперкуп трофејот