Познато е дека Кајл Вокер во последните неколку години имаше семејни проблеми и тоа поради, како што наведуваат медиумите на Островот, неверството. Тој во неколку наврати беше “фатен“ со други жени.
По сето тоа пред извесно време неговата сопруга Ани Килнер решила да го остави десниот бек на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија и му побарала развод.
Притоа побарала и половина од имотот и парите, поточно нешто повеќе од 15 милиони евра.
Сепак кога слушнала дека Вокер набргу ќе прави трансфер во С. Арабија, ги повлекла документите за развод и му рекла на Вокер дека сака да останат заедно.
Во медиумите на Островот ова се протолкува дека таа има намера да почека со разводот зошто е свесна дека нејзиниот сопруг ќе заработи баснословна сума на пари.
Па така подобро е да добие 50 милиони евра на пример, отколку “само“ 15 милиони.