Ракометарите победнички на последната контрола пред стартот на СП

410

Македонската ракометна репрезентација го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров ги одмерија силите со Зеленортски Острови, крајниот резултат беше 27-26 во корист на „црвено-жолтите“. На одморот резултатот бил 14-15.

Нашите момци утре се селат во Сент Мартин каде ќе бидат сместени за време на Мундијалот.

Македонија одигра пет контролни мечеви во изминатиот период запиша четири победи и еден пораз. Првиот меч на СП го игра на 15-ти јануари против Унгарија, а силите ќе ги одмери уште со Холандија два дена подоцна. Прелиминарната рунда ја затвара против Гвинеја на 19-ти јануари. Првите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда.

ПретходноТиквеш и Шкендија си закажаа пријателска за 22 јануари!
СледноМЗТ Скопје издоминира на дербито со Пелистер