Супер, фантастична вест за сите во ФК Вардар, како и армијата фанови на нашиот најтрофеен клуб. Имено УЈП утре и официјално ќе го одблокира клубот, односно ќе ја одблокира сметката на клубот. Најден е компромис за тие 3 милиони евра што се должат и тоа со гартанција за имот.
Значи луѓето во раководството на клубот и тоа како си ја работат својата работа. Долгот ќе се исплаќа на рати.
Треба да се каже дека за ова се заслужни и Горан Попов, Гоце Седлоски, Бени Демир кои се сложија за репрограмирање на долгот.
Како што дознаваме, во следните неколку месеци, февруари, март, април во клубот ќе има сериозни приливи на финансиски средства и Вардар како клуб ќе може без проблеми да го сервисира долгот на месечно ниво. Секако дека интенција е клубот набргу да се ослободи и дефинитивно од овој долг кој го мачи веќе подолго време, неколку години. Едноставно клубот нормално да функционира.
Но сега по се изгледа доаѓаат убави денови за ФК Вардар, конечно да се најде таму каде што и му е и местото.