Фудбалерите на Атлетико Мадрид остварија победа од 1:0 против екипата на Осасуна во натпреварот од шпанската Ла Лига. Играчите предводени од Диего Симеоне ја забележаа и осмата последователна победа во шпанската лига.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања и шанси освен поништениот гол на Антоан Гризман во 7-мата минута поради игра со рака. Во вториот дел Хулиан Алварез постигна погодок во 55-тата минута и му донесе победа на мадридскиот тим.
Со оваа победа Атлетико го превзеде првото место на табелата со 44 бодови, а Осасуна се наоѓа на 11-тото место со 25 бода.