Уште една добра вест за сите во Вардар и за оние кои го сакаат овој клуб. Имено како што велат нашите информации, ФК Вардар набргу, многу скоро, ќе има буџет од 3 милиони евра што секако дека тоа е респектабилен буџет со кој јасно е дека ќе може да се надева на повторно враќање на врвот на мак – фудбалот, таму каде што и му личи на нашиот најтрофеен клуб.
Покрај досегашните спонзори, има три нови фирми кои што веќе се обезбедени како спонзор а има уште две во најава.
Се пресметува дека годишниот буџет ќе биде 3 милиони евра, а во оваа сума ќе бидат впишани на месечно ниво и долговите.
Што се однесува до фирмите кои што ќе влезат или се влезени во клубот, дознаваме дека сите се странски.
Нема дилеми дека во блиска иднина ќе биде многу полесно за функционирање на ФК Вардар.
Но за да се дојде до оваа фаза јасно е дека некој си ја одработил добро својата работа.