Горан Симов на клупата на Борец!

250

Од денеска Горан Симов и официјално нов шеф на стручниот штаб на Борец. Јасно е дека Симов е доведен во велешкиот второлигаш да се спаси нешто ако може да се спаси ако се знае дека Борец по есенскиот дел во ВМФЛ е на делба на последното место на табелата со мали шанси да се надева дека напролет ќе може да се избори за опстанок во второлигашкото друштво.

Сепак Симов е познат како голем борец, кој секогаш дава се од себе, па вреди да се надева дека ќе може нешто да се стори и со овој тим.

Да потсетиме дека во минатото Симов беше тренер во Силекс, Македонија ЃП и Вардар.

ПретходноЗа малку сензација: Тотенхем мораше да игра продолженија за да победи против петтолигаш во ФА Купот!
СледноИнтер со “минималец“ до три бода кај Венеција!