Довбик и донесе реми на Рома во 98-та минута

33

Фудбалерите на Рома и Болоња одиграа атрактивен и интересен натпревар кој заврши со резултат 2:2. Екипата на Рома беше пред нов пораз во италијанската Серија А, но Артем Довбик постигна изедначувачки погодок во самиот финиш на мечот.

Резултатот го отвори Салемакерс во 58-та минута за водство на Рома, а домашните фудбалери експресно одговорија со два погодоци кои ги постигнаа Далинга во 61-та и Фергусон во 65-тата минута. До крајот на натпреварот Рома напаѓаше и бараше изедначувачки погодок и тоа се случи во 98-та минута кога Артем Довбик погоди од белата точка.

Болоња се наоѓа на 7-мото место со 29 бода, а Рома на 10-тото место со 24 бода.

ПретходноМЗТ Скопје издоминира на дербито со Пелистер
СледноКошаркарот на Монако го чека суспензија: Доби техничка, па му покажа среден прст на судијата