Дербито на врвот во домашниот кошаркарски шампионат им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје. Во Скопје, „металците“ беа убедливи во дуелот со Пелистер со 82:62 остварувајќи ја 10-тата победа во првенството, израмнувајќи се на врвот на табелата со екипата на ТФТ.
Експлозивниот старт на домашните во првите 10 минути, се чини го најави убедливиот триумф на момците на Атанасов. МЗТ Скопје ја доби првата четвртина со 20:7, а потоа до полувремето разликата беше уште повисока и достигна +15 (39:24).
Во вториот дел Пелистер тргна подобро и успеа да ја намали негативата, но во завршните 10 минути МЗТ Скопје повторно влезе во ритам и на крајот убедливо го доби мечот.
Едвин со 18 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, а Магдевски со 16 и Маслинко со 15 поени исто така одигра одлично. Кај Пелистер Антоан и Стајиќ постигнаа по 14 поени.