Наполи главен кандидат за потписот на Гарначо

107

Алехандро Гарначо е еден од најталентираните млади фудбалери во екипата на Манчестер Јунајтед, но по доаѓањето на Рубен Аморим на клупата на „ѓаволите“ младиот аргентинец не бележи редовни настапи во првиот тим.

Италијанските медиуми јавуваат дека аргентинецот е на радарот на Наполи. Италијанскиот клуб е спремен да го потпише Гарначо доколку од Неапол си замине грузискиот репрезентативец Квича Кваратскелија. Грузиецот е пред трансфер во ПСЖ и Наполи во Гарначо ја гледа неговата замена. Наполи спрема понуда од 50 милиони евра за Гарначо, а од таборот на англискиот гигант немаат ништо против да го продадат Гарначо за таа сума.

ПретходноПСЖ за Квича понудил 60 милиони евра
СледноКомо со уште едно ново име, го купи Какре од Лион