Пеп му понудил 100 милиони евра на Александер – Арнолд, ама овој го откачил!

262

Познато е дека Трент Александер – Арнолд или ТАА, во моментов е најбараниот десен офанзивен бек во светот. Ѕвездата на Ливерпул веќе подолго време се поверзува со трансфер во Реал Мадрид, иако и “Редси“ посакуваат тој да остане, ако се знае дека договорот му истекува во јуни.

По најавеното заминување на Кајл Вокер во С. Арабија, Пеп Гвардиола имал намера да тргне по ТАА, дури му понудил фантастични услови и тоа 100 милиони евра за пет години и плус бонуси, но десниот бек и репрезентативец на Англија ја одбил оваа понуда.

Како што самиопт нагласил, ТАА својата кариера ќе ја продолжи во Ливерпул или ќе оди во Реал Мадрид, ниту една друга опција не била во игра.

Ова значи дека Пеп ќе мора да бара друг десен бек како замена за Вокер, на ТАА ќе мора да заборави.

Претходно“Биковите“ и без Елмас убедливи против Вердер!
СледноАтлетико ја совлада Осасуна и го превзеде првото место во Ла Лига