По повеќе од еден месец без победа и три последователни порази, кошаркарите на Тиквеш вечерва во драматична завршница пред својата публика и се израдуваа на четвртата сезонска победа во домашниот шампионат. Тиквеш славеше во дуелот со МКК Куманово со 84:83 и успеа да се израмни со Феникс на делба на 9. место на табелата.
Куманово почна подобро, ја доби првата четвртина, но во следните две, Тиквеш беше подобар шутерски и успеа да направи целосен пресврт и да дојде до убава предност. Во последниот период беше неизвесно во завршницата, но се чини дека оние +6 со кои домашните влегоа во последната минута, беа и решавачки. Во последните 30-тина секунди се играше главно со „пенали“, па на крајот поуспешни беа домашните.
Хил со 31 поен беше најдобар во составот на домашните, а кај Куманово Радукиќ постигна 22 поени.
Вардар, пак, на домашен терен беше тотално неможен против Кожув. Гостите од Гевгелија не се помачија премногу за да запишат нов триумф, овој пат со резултат 77:103.