Речиси сите наши прволигаши, освен Работнички и Гостивар, веќе ги стартуваа зимските подготовки за она што ги чека во пролетниот дел од сезоната. Голем дел од клубовите дел од подготовките ќе ги одработат во Анталија (Турција), ама до заминување во Турција ќе треба да се одиграат и пријателски средби.
Па така Тиквеш и Шкендија, клубови кои минатото лето ја претставуваа Македонија во квалификациите во Лигата на Конференции, си закажаа една ваква пријателска средба.
Оваа контролка е закажана за на 22 јануари и тоа на Градскиот стадион во Кавадарци. Во случај временските услови да не дозволат одигрување, тогаш ќе се бара друг стадион.