Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во 4. коло од ФА Купот откако по подоброто изведување на пенали го емилинираа Арсенал. Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши со нерешени 1:1.
Јунак на триумфот на „црвените ѓаволи“ во многу тензичен натпревар беше Циркзе, кој погоди во последната серија успеа да погоди и да го казни промашувањето на Каи Хаверц. Претходно во регуларниот дел, гостите од манчестер поведоа со голот на бруно Фернандеш во 52. минута, а Арсенал израмни со голот на Габриел во 63. минута. За истакнување е тоа што гостите од 61. минута играа со играч помалку по исклучувањето на Далот, додека Арсенал промаши пенал во 72. минута преку Одегард.
Во пенал серијата гостите погодија во сите пет серии, а кај Арсенал промаши само Хаверц.
Претходно пласман во 4. коло обезбедија и Њукасл по победата над Брумли од 3:1, Ипсвич кој со 3:0 беше подобар од Бристол Роверс, како и Кристал Палас, кој со 1:0 го совлада Стокпорт.