Во првиот меч од денешната програма од 13.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Работнички како домаќин го декласира Шкупи, совладувајќи го со 103:68.
Тимот од Градски парк во текот на целиот меч одигра одлично, си ја билдаше разлита во однос на гостинот, само во последната четвртина малку се опушти и му дозволи на противникот да ја добие со 17:24.
Сепак претходно се беше решено, Работнички со „стотка“ го доби овој прв меч во новата 2025 година.
Дали ваквата победа наговестува подобри денови на Работнички во 2025, останува да се види.
Ова за Работнички беше осмата победа во шампионатот во тие 13 меча, додека за Шкупи ова е десеттиот пораз.
Кога сме кај поентерите да кажеме дека Ѓуроски со 22 поени беше најефикасен кај домаќинот, но и воопшто на натпреварот. Додека Арнолд успеа да запише 20 поени.