Силно невреме и грмотевици направија проблеми на стартот на Австралија Опен (ВИДЕО)

91

Стартот на Австралија опен го одбележаа големи проблеми. Овој пат не е проблем топлото време во Мелбурн, туку поројниот дожд, проследен со грмотевици и силен ветер.

Терените на кои се игра на отворено се поплавени, што пак навистина е голема главоболка за организаторите на првиот ден од турнирот.

Од оние што се одиграа интересно беше меѓу Kеи Нишикори и Бразилецот Монтеиро. Јапонецот губеше со 0-2 во сетови, но на крај победи со 3-2.

Во пет сета се мачеше и шестиот носител Каспер Руд кој сепак најде начин да го скрши отпорот на Шпанецот Мунар (61-ви на АТП листата).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Age (@theageaustralia)

ПретходноИнтер Мајами со интересна понуда за Лионел Меси
СледноКонсеисао бесен на играчите: Ова е најлошото прво полувреме во мојата кариера