АО: Ѓоковиќ загуби сет, па победи, Алкараз убедлив на стартот

102

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен. Ѓоковиќ во првото коло го победи Американецот со индиско потекло Нашеш Басевереди во четири сета 4:6, 6:3, 6:4, 6:2. Натпреварот траеше 2 часа и 57 минути и покажа дека Новак се враќа во солидна форма на почетокот на сезоната.

Потенцијалниот ривал на Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на Австралија опен, Григор Димитров го заврши настапот уште по првиот меч. Бугаринот, кој беше назначен за десетти носител, го предаде мечот од првото коло против Франческо Пасаро при водство на Италијанецот со 7:5, 2:1.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја потврди улогата на фаворит и се пласираше во второто коло, откако го совлада Александар Шевченко со 6:1, 7:5, 6:1. Единствениот проблем што го имаше Алкараз беше во вториот сет, кога губеше со 5:3 и имаше брејк зад себе, но не успеа да сервира за сет и доживеа брејк, а Алкараз брзо стигна до 2:0.

ПретходноМитревски пред СП: Сите сме желни за победи! Главната рунда е нашата реалност!
СледноМанчестер Сити оваа недела ќе плати 80 милиони евра за Мармуш