Веселин Вујовиќ: Македонија со РК Алкалоид напредува, Кире направи многу за македонскиот ракомет!

640

Веселин Вујовиќ како личност, како некогашен најдобар ракометар во светот, како тренер и селектор, секако како и миленик на фановите на РК Вардар, секогаш е значајно што ќе каже. Неговите анализи и изјави секогаш предизвикуваат големо внимание.

Така и сега како селектор на Катар во пресрет на СП кое стартува утре.

Да потсетиме дека Катар се наоѓа во групата -Ц заедно со Франција, Австрија и Кувајт и ако успее да ја мине прелиминарната рунда, се разбира ако тоа го стори и Македонија, тогаш Катар и Македонија ќе ги одмерат силите во главната рунда.

Па така Вујовиќ за “Балкан Хендбол“ имаше свој коментар кога Македонија е во прашање:

Кире Лазаров направи многу за македонскиот ракомет. Тие деца во РК Алкалоид играат добар и модерен ракомет. Видете, ниту една репрезентација на светот не направила успех, ако немала квалитетен клуб. Македонија тоа го прави со РК Алкалоид. Дали е овој тој момент за нив? Не, ама ова ќе биде големо искуство за нив. Македонците сметаат дека ако се сретнеме во главната рунда тогаш ќе можат да го победат Катар. Од друга страна Катар размислува дека може да ја победи Македонија“посочи славниот Вујовиќ.

ПретходноОдбиена жалбата на Реал, останува суспензијата на Вини по инцидентот со Столе!
СледноМонца ја изненади Фиорентина!