Вчера Денвер и тоа како си имаше проблеми на гостувањето кај Далас. Сепак на крајот успеа да победи и тоа по глемиот пресврт. Никола Јокиќ уште еднаш маестрален, а за домашните не настапи втората мега – ѕвезда од Балканот, Лука Дончиќ.
По мечот легендарниот Џејсон Кид, тренерот на Далас, значи на Лука Дончиќ си кажа што имаше да си каже:
“Никола Јокиќ е најдобар во светот. Дури и кога ќе промаши тој ќе најде начин да дојде до офанзивен скок и да се поправи. Најдобар е во светот и затоа на следниот меч ќе мораме на друг начин да го сопреме“ посочи Кид.