Јирген Клоп викендов ја започна својата нова работа во Ред Бул со тоа што се појави на два меча на клубови кои се под капата на големата компанија. Германецот со широка насмевка гледаше како РБ Лајпциг го победи Вердер Бремен со 4-2 за да го врати четвртото место во Бундеслигата во неделата, а ден претходно беше и во Париз.
Клоп ги презеде новите должности како прв човек за глобален фудбал на Ред Бул и ја искористи првата можност да го види германскиот претставник на производителот на енергетски пијалоци. Во саботата, пак, Клоп беше во француската престолнина Париз за да го гледа второлигашот ФК Париз во победата над Амиен со 1-0. Меѓу неговите задачи ќе биде и да го претвори клубот од градот на светлината во еден од најдобрите во Франција под сопственост на најбогатото семејство во земјата.
Преземањето на второлигашкиот клуб од страна на семејството Арно вклучува и влез на Ред Бул како малцински акционер.