Барселона синоќа го освои шпанскиот Суперкуп, „размонтирајќи“ го реал (М) во финалето во Џеда со 5:2, со што стигна до својот прв трофеј сезонава. Со оваа победа Ханси Флик стигна до својот прв трофеј на клупата на Барселона, а според шпанскиот весник „АС“, Барселона од освојувањето на Суперкупот ќе заработи сума од околу девет милиони евра.
Познато е дека Каталонците со години се во финансиски проблеми, па оваа бројка сигурно многу ќе им значи, иако на почетокот можеби не изгледа како претерано голема сума. Од друга страна, Реал заработи седум милиони евра како финалист на Суперкупот.