Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, уште оваа недела треба да стане фудбалер на Манчестер Сити, објави Фабрицио Романо.
Сити ќе достави официјална понуда до Ајнтрахт, по што ќе има преговори меѓу клубовите. Германскиот клуб го проценува трансферот на 80 милиони евра, а Англичаните се подготвени да ја платат комплетната сума.
За Мармуш сериозен интерес имаше и од големиот ривал на „граѓаните“, Ливерпул, но се чини дека Сити ќе биде побрз и ќе го добие во својот тим уште оваа зима.