Македонските фудбалски прволигаши ги стартуваа подготовките зимава. Во домашни услови како што е тоа вообичаено. Дел од нив ќе заминат за Анталија, дел ќе одат во Охрид, а дел ќе си седат дома. Сепак, во моментов сите се на исто. Работат во снежни услови, затоа што во Македонија веќе два дена непрестано врне.
Мора да се работи, програмата е таа, истата мора да се истрча. Тешко на тренинг, за лесно на натпревар, е стара фудбалска изрека, а да се трча во снег пак е уште потешко.
Тиквеш, Пелистер, Силекс, Вардар, Шкендија сите од ред своите тренинзи ги одработуваат во снежни услови, но според фотографиите, секаде атмосферата е на високо ниво. Така и треба да биде.