Деновиве во ек е одржување на Собранија на ОФС ширум Македонија, на кои се избираат раководни лица и секако делегати за Редовното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое ќе се одржи во април.
Денеска се одржа Собранието на ОФС Скопје на кое беше дадена сета можна поддршка за Масар Омерагиќ, за актуелниот и секако според поддршката и идниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Пред три дена се одржа и Собранието на ОФС Струга, на кое исто така Омерагиќ ја доби поддршката за претседател .