Пелистер го потврди Тарасенко

481

Како што најави Спортспорт уште пред неколку дена, тимот на Пелистер на пролет ќе биде посилен за рускиот интернационалец, Захар Тарасенко. Тој доаѓа од шампионатот на Ерменија, каде што со успех има настапувано, е сега пристигнува во Битола како засилување кое ќе има удел во ефикасноста на тимот.

Денеска од Битола, си замина Михаил Талевски, кој што премина во Вардар, па Пелистер реагираше на начин што доведе странец на негово место.

Есеноска оние кои што беа со таков пред знак не ги оправдаа очекувањата, а ќе видиме како тоа ќе изгледа на пролет со засилувањето од Русија.

ПретходноВардар го „грабна“ мега талентот Талевски
СледноРаботнички ги „запали моторите“ зимава