И тимот на Работнички од денеска е во погон. Дебармаалци во својата база го одработија првиот тренинг под водство на стратегот Горан Станиќ. Тој иако е назначен за нов У21 селектор на Македонија ќе продолжи да го води Работнички и во пролетниот дел од сезоната.
Што се однесува до ростерот, односно до новитетите односно заминувањата во тимот, дел од Работнички повеќе не е Влатко Стојановски, додека пак, повратници во клубот се досегашниот член на Тиквеш, Миле Тодоров, како и Матеј Ангелов кој се враќа од Украина.
Работнички како и останатите клубови стартот на подготовките ќе ги одработи во домашни услови.