Си поигруваше со скапите ѕвезди: Водоинсталатер беше прогласен за играч на мечот против Тотенхем (ВИДЕО)

494

32-годишниот Хајдин Холис викендов имаше меч за паметење. Имено, човекот кој во своето секојдневие работи како водоинсталатер, а од хоби игра за англискиот нисколигаш Тамворт, беше прогласен за играч на натпреварот со екипата на Тотенхем во рамките на 4. Коло од ФА купот.

Холис брилјираше во неколку наврати против скапите ѕвезди на лондончани, кои до победата над Тамворт (член на англиската Национална лига – петта лига на Англија) стигнаа дури по продолжение. На социјалните мрежи веќе се врти видеото од еден фантастичен потег на Холис на мечот со Тотенхем.

ПретходноОва се тројцата најмлади играчи во репрезентацијата: Сонот од детството – стана реалност!
СледноКолку заработи Барса од освојувањето на Суперкупот?