Ставре Јада втор, Ана Цветановска трета на првиот ден од 61. Мавровски меморијал

37

Босанскиот нордиец Страхиња Ерик е победник на трката на 10 километри на 61. издание на Мавровскиот меморијал. Ерик триумфираше на вчерашната трка во машка конкуренција со време од 16:08,8 минути, пред нашиот најдобар нордиец Ставре Јада кој финишираше втор со резултат 17:03,1 минути. Третото место во машка конкуренција го освои Андрија Тошиќ од Србија.

На трката на 5 километри во женска конкуренција првото место за Ања Илиќ од Србија со време од 21:04,7 минути. Втора заврши Босанката Сара Плакаловиќ, додека третото место и припадна на нашата најдобра нордијка, Ана Цветановска, која имаше време од 22:59,2 минути.

За денеска на Мавровскиот меморијал се закажани трките на 10 километри во масовен старт.

ПретходноБруно го помина Бекам на вечната листа на Манчестер Ј.
СледноОва се тројцата најмлади играчи во репрезентацијата: Сонот од детството – стана реалност!