Можеби затоа Манчестер Сити е или беше голема криза! Имено како што тврдат медиумите во Шпанија, Пеп Гвардиола се разделил со сопругата Кристина Сера и тоа откако биле заедно 30 години од кои десет во врска и дваесет во брак, од 1994 година.
Бракот меѓу Пеп и Кристина беше еден од најстабилните во светот на фудбалот, и затоа оваа информација, се чини дека е за неверување.
Сепак се дополнува дека од пред неколку месеци Пеп и Кристина не само што не биле заедно туку дошло и до развод.
Токму во времето кога Манчестер Сити ја започна онаа серија од очајни резултати и игри.
Пеп и Кристина имаат три деца и тоа Марија, Мариус и Валентина.
Сепак не се наведува зошто дошло до тоа Пеп и Кристина да не се веќе заедно.