Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа на гости го совладаа Далас со 112:101, забележувајќи го третиот последователен триумф во НБА лигата. Најефикасен во тимот на Денвер беше Расел Вестбрук со 21 поен, 10 скока и седум асистенции, додека српскиот репрезентативец Никола Јокиќ запиша 19 поени, 18 скока и девет асистенции.
Во тимот на Далас, во кој поради повреди не играа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, најефикасен беше Клеј Томпсон со 25 поени.
Шарлот загуби од Феникс на гости со 113:120, забележувајќи го 11-от пораз во последните 12 натпревари. Најефикасен кај Шарлот беше Ламело Бол со 25 поени и 11 асистенции, додека Девин Букер со 30 и Кевин Дурент со 27 поени беа најдобри кај Санс.
Индијана на гости го совлада Кливленд со 108:93 и со тоа ја прекина серијата од 12 последователни победи. Бостон го постигна 28. триумф сезонава, откако го совлада Њу Орлеанс со 120:119 со 38 поени и 11 скока на Џејсон Тејтум. Оклахома, предводена од Шеј Гилгес-Александер го совлада Вашингтон со 136:95.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Њу Орлеанс 120-119
Кливленд – Индијана 93-108
Орландо – Филаделфија 104-99
Вашингтон – Оклахома 95-136
Јута – Бруклин 112-111 (прод.)
Феникс – Шарлот 120-113
Далас – Денвер 101-112
Њујорк Милвоки 140-106
Чикаго – Сакраменто 119-124