Познато е дека Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул и еден од надобрите во Премиер-лигата и во светотм, сеуште нема кажано – ДА, за нов договор со “Редси“. Постоечкиот му истекува во јуни, па така сега тој е трансферна цел на речиси сите големи клубови во светот. Познато е дека пред некој ден ПСЖ му испрати понуда од 500.000 фунти неделна плата, но Салах не одговори на таа понуда, барем не јавно.
Познато е дека неколку клубови во Саудиска Арабија се подготвени и тоа како баснословно да го платат, само за да го доведат „Фараонот“ во своите редови.
Вчера и денеска по малку дојде и до еуфорија во тамошната фудбалска јавност откако медиумите ја “подгрејаа“ атмфосферата дека е готово, дека Мохамед Салах на лето доаѓа во Саудиска Арабија.
Само не истакнуваат за кој клуб тој ќе потпише.