Михаил Талевски повеќе не е член на Пелистер

869

Македонскиот младински репрезентативец, Михаил Талевски повеќе не е член на тимот на Пелистер. Напаѓачот на стартот на подготовките на својот матичен клуб си заминува од Битола, и наскоро ќе се знае каде ќе ја продолжи неговата кариера.

Талевски важи за еден од најквалитетните млади играчи во Македонија, има десетина настапи за младинските селекции. Беше дел своевремено на Работнички, но има и еден интернационалец обид во тимот на Осијек во Хрватска.

Покрај него во зелениот дрес на Пелистер повеќе нема да го гледаме ниту интернационалецот од Србија, Александар Катаниќ.

ПретходноКлоп почна со новата работа: Во саботата во Париз, во неделата во Лајпциг
СледноВардар го „грабна“ мега талентот Талевски