Eден од најуспешните тенисери на Австралија Опен во последните години, Гркот Стефанос Циципас по вистинска тортура и безброј брејкови беше елиминиран со 3:1 од Американецот Микелсен и уште во вториот ден на натпреварите заврши со првиот Грен Слем годинава.
Брилијантната Коко Гоф немаше слични проблеми во елегантната победа против поранешната локална шампионка Софија Кенин со 2:0 во сетови (6:3 6:3) најавувајќи го можеби својот најдобар Австралија Опен досега.
Уште една фаворитка за добар пласман, Шнајдер (#12) беше одлична против Италијанката Кочиарето (7:6 6:4), а во дуелот на ветеранките, сопругата на Гаел Монфис, Свитолина беше подобра од Романката Кирстеа во два сета.
Играчот број еден во светот Јаник Синер почна со одбранат ана трофејот победувајќи го во три сета Чилеанецот Жари.